Ердоган: Турција очекува ЕУ да преземе конкретни чекори за подобрување на односите меѓу Анкара и Брисел

Од:

Турција очекува ЕУ да преземе конкретни чекори за подобрување на односите меѓу Анкара и Брисел, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта.

Упатувајќи му честитки за назначувањето на Кошта за претседател на Европскиот совет, Ердоган рече дека ревитализацијата на односите меѓу Анкара и Брисел е во заеднички интерес на двете страни, се вели во соопштението на прес-службата на турскиот претседател за платформата X.

Ердоган и Кошта разговарале и за регионални и глобални прашања, при што турскиот претседател истакнал дека би било корисно и во најдобар интерес на сите страни да се планираат чекори кон европската безбедност со учество на Турција.

„Праведен и одржлив мир меѓу Русија и Украина е можен бидејќи Анкара работи на воспоставување мир од почетокот на војната“, рече Ердоган.

Тој, исто така, изрази задоволство од одлуката на ЕУ да суспендира некои санкции за Сирија за да помогне во обновата на земјата разурната од војна.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он

Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

А1он