Ердоган: Администрацијата на Трамп може да стави крај на војната во Украина преку дијалог и дипломатија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека војната на Русија против Украина лесно може да заврши доколку американската администрација на Доналд Трамп следи пристап „заснован на решенија“, вклучувајќи дијалог и дипломатија.

„Ако во ерата на Трамп американската администрација пристапи на прашањето од гледна точка на решенија, лесно можеме да ја завршиме оваа војна. Повеќе оружје, повеќе бомби, повеќе хаос и конфликт нема да ја завршат оваа војна. Повеќе дијалог, повеќе дипломатија, повеќе помирувањето ќе ја отвори вратата за мир“, рече Ердоган во разговор со новинарите во авионот по враќањето од Будимпешта, пренесува турскиот весник „Јени Сафак“.

Тој истакна дека Турција е „земја која успеа да ги доведе двете страни на иста маса“.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он

Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

А1он