Експлозивната направа е фрлена денеска напладне кај езерото Газивода, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани.
Тој рече дека нема повредени, но дека се оштетени два автомобили, пренесува Коха.
– Експлозијата се случи зад тунелот број 5. Оштетени се два автомобили и нема повредени – изјави Елшани.
Не се знае каква експлозивна направа била фрлена.