Доколку мерките против Ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има локдаун во Бугарија

Од:

Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров прогнозира дека најлошото сценарио е да се исцрпат капацитетите на болниците во земјата и тие да не можат да ги прифатат пациентите.

Бугарскиот министер смета дека сегашниот бран на пандемијата мора да биде совладан за 10-15 дена, во спротивно ќе има голем проблем со болниците.

Според Кацаров, за 10-15 дена Бугарија ќе има голем проблем. Тој вчера се сретна со директорите на болниците во Софија, кои изјавиле дека постојано се поставуваат нови кревети, но капацитетот и од персонал и од респиратори е речиси исцрпен.

Министерот вели дека нема респиратори. Бугарија доби ветување дека ќе прими респиратори од Светска банка.

Еврокомесарот за здравство предложи доколку се случи најлошото сценарио, тогаш пациентите да се испраќаат од Бугарија во други земји.

– Не сакам да ги плашам луѓето, но ситуацијата е крајно сериозна и тоа не натера да прибегнеме кон такви мерки, кои очигледно не се популарни, нагласи Кацаров.

Би можело да ве интересира

Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи за изминатите 24 часа во Бугарија

Бугарскиот премиер е во изолација

Постои опасност Бугарија да стане Ковид-гето предупредува бугарски виролог

Зелените сертификати ги натераа Бугарите на вакцинација

Хакерски напад на системот за издавање зелени сертификати во Бугарија