Додик: Приказната за рушењето на уставниот поредок е цинична

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека претставниците на РС се залагаат за Уставот и дека е цинична приказна дека тие го уриваат уставниот поредок.

„Ние не го загрозуваме мирот, се занимаваме со политички процеси, а не со војна“, изјави Додик, пренесува Срна.

Како што оцени, функционерите на Република Српска се навикнати на постојан притисок, без разлика дали доаѓа од странци или муслимани од Сараево.

„Сега примениле нов метод странец да донесе одлука и ако не го почитувате, може да одговарате. Ова го уништи Уставот, но тоа не е важно за судството“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Словенечката влада му забрани на Додик влез во земјата

Додик: Шмит е генератор на сите проблеми во Босна и Херцеговина

Додик: Република Српска ќе има статус што никој нема да може да го оспори

Додик: Наскоро патувам во Москва, ќе побарам поддршка за независност на Република Српска

А1он

Додик: Референдумот не е за независност, но ќе биде за „загревање“

Додик: Република Српска фокусирана на мирот, само волјата на народот има легитимитет