Детали за трагедијата во Нови Пазар: Таткото горел на тераса додека си ги спасувал децата

Од:

Шефот на Одделот за вонредна состојба на полицијата во Нови Пазар, Дарко Белиќ за локалните медиуми изјави дека првичната претпоставка е дека причината за смртта на четирите деца кои загинаа утринава во пожар е загушување од јаглерод моноксид.

„Претпоставуваме дека четири малолетни лица загинале поради загушување. Причините за смртта на децата и како пламнал пожарот ќе се знаат по завршување на истрага“, рече Белиќ.

– Нè разбудија свирежи на Брза помош. Имаше многу пожарникари и полиција и кога се обидовме да излеземе од зградата – вели еден од жителите на зградата.

Соседите додаваат дека биле шокирани кога дознале дека настрадале деца во пожарот.

– Слушнавме дека три деца биле целосно изгорени, додека четвртото починало во болницата во Нови Пазар. Каква трагедијата. Соседот случајно поминал крај зградата и го видел таткото на децата како гори на терасата – вели соседите и додава:

– Човекот гореше. Тој се обиде да ја отвори терасата за да дојде кај своите деца и да ги спаси, но за жал не успеа – вели сведок на трагедијата.

Според српските медиуми, таткото кој потекнува од Египет поради сериозни изгореници итно е пренесен во Белград, додека мајката на децата, е згрижена во болницата во Нови Пазар.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски