Детали за нападот во училиштето во Загреб – наставничката има 31 убодна рана

Од:

Наставничката е стабилна, сè уште дише со помош на механичка вентилација, а за денеска е планирана дополнителна дијагностика во нејзиното лекување, рекоа од клиничката болница „Свети Дух“ и потврдија дека наставничката има 31 убодна рана, пренесуваат хрватските медиуми детали за вчерашниот грозоморен напад на ученик врз наставничка и ученици во училиштето „Пречко“ во Загреб.

Министерката за здравство Ирена Хрстиќ откри детали.

– Децата се во контакт со родителите и се надевам дека овој контакт ќе им помогне. Моја груба проценка е дека на сите им е потребна поинаква форма на помош, но тоа не е во моја надлежност – изјави Хрстиќ.

Таа додаде дека сите се добро и се надвор од животна опасност.

Утрото по трагедијата пред основното училиште во Пречко владее молк и тага.

Полицијата ја заврши истрагата, па улицата до училиштето е пуштена за сообраќај.

Училиштето се уште е опкружено со полициска лента, а има околу 10 полицајци кои го обезбедуваат местото на теророт.

Мајката на напаѓачот кој вчера упадна во училиштето „Пречко“ во Загреб и избоде неколку деца, од кои едното е убиено, се огласи и даде детали за нејзиниот 19-годишен син.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО На сцената во Загреб излегоа сребрените хрватски ракометари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватските ракометарите пристигнаа на плоштадот Бан Јелачиќ, ги дочекаа со песна

(ВИДЕО) Панорама од пречекот на хрватските ракометари

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Хрватските ракометари слетаа во Загреб, ги чека преполниот плоштад Бан Јелачиќ

Земјотрес во Далмација