Дачиќ: Истражуваме можна местенка во српската кошарка

Од:

Министерството за внатрешни работи е активно вклучено во акцијата на ФИБА и Кошаркарската федерација на Србија (КСС) насочена кон откривање и спречување на местење на исходот од кошаркарските натпревари и нелегално обложување поврзано со тие натпревари, изјави министерот за внатрешни работи – Ивица Дачиќ.

Дачиќ изјави дека на почетокот на месецот, Министерството добило обемен писмен материјал што укажува на сомнежи дека неколку лица во претходниот период ги договарале резултатите од натпреварите под покровителство на Кошаркарската федерација на Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По детална анализа, тој материјал е проследен заедно со извештајот до Првото основно јавно обвинителство во Белград, пренесува Танјуг.

„Во наредниот период, Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство ќе спроведат преткривична постапка со цел да се утврди точноста на наводите од доставениот материјал, односно да се соберат докази за можните сторители на ова кривично дело. Јавноста ќе биде навремено информирана за резултатите“, нагласи Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Дачиќ излезе од болница

А1он

Ивица Дачиќ e исклучен од респиратор

А1он

„Нема ни влошување, ни подобрување“: д-р Попевиќ за здравствената состојба на српскиот министер Ивица Дачиќ

А1он

Попевиќ: Состојбата на Дачиќ е сериозна, сè уште е на механичка вентилација

Вучиќ: Состојбата на Дачиќ е „нешто подобра“

Горан Наумовски

Претседателот Вучиќ го посети Дачиќ: Се молиме за него