Кандидатот на Студентската листа, Александар Чупиќ, е избран за претседател на Народното собрание на Србија, откако за него гласаа 140 пратеници.
Неговиот противкандидат, Стојан Раденовиќ, од опозициската листа „Србија победува“, доби поддршка од 97 пратеници. На гласањето учествувале вкупно 239 народни пратеници, додека двајца биле воздржани. Меѓу нив бил и Шаип Камбери од Албанската коалиција.
За јавно гласање се изјасниле 235 пратеници, еден бил против, а тројца не гласале.
По објавувањето на резултатите, Чупиќ го презеде претседавањето со Народното собрание, а неговиот избор беше проследен со овации од пратениците на Студентската листа.
