Во рамките на проектот за набавка на нови борбени авиони, имаме понуда за втората транша од осум авиони Ф-16. Подготвивме проект за инвестициска потрошувачка, кој мора да биде доставен до Министерскиот совет, а потоа и до Народното собрание. Ова го истакна в.д. министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов при претставувањето на приоритетите во работата на неговиот тим за следните два мнесеца.
– Се надеваме дека ќе успееме до крајот на периодот на понудата на крајот на ноември, но развивме и резервна опција – до 15 декември и веќе упативме такво барање до американската страна, додаде тој.
-Борбената авијација е во исклучително тешка ситуација. Преостанатиот ресурс на МИГ-29 ни овозможува да бидеме на воздухопловна служба до средината на 2023 година.
Тој најави и дека се подготвуваат договори за набавка на вооружување во рамки на проектот за патролни бродови.
Поранешната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска станува дел од Министерството за одбрана.
Извор: МИА