Бугарија нарачува дополнителни 3 милиони дози вакцини против Ковид-19

Од:

Веста ја соопшти министерот за здравство Костадин Ангелов за време на денешниот состанок на Владата на Бугарија.

– Во врска со податоците што ги имаме на ниво на Европската унија и можностите за намалено снабдување во земјата со вакцините на Оксфорд и Астра Зенека, предлагаме да нарачаме дополнителна количина вакцини да бидат пропорционално распределени врз основа на населението на нашата земја од 2 897.694 дози на вакцината Фајзер/Бионтех и 460.000 дози на вакцина на Модерна, рече Ангелов.

Бугарскиот министер за здравство истакна дека снабдувањето со дополнителни вакцини е можно по состанокот на Управниот совет, т.н. Steering Board формиран од Европската комисија за вакцини и дополнителниот договор за вакцини помеѓу Европската комисија и производителите на лекови Фајзер/Бионтех.

– Веруваме дека со овој предлог земјата ќе обезбеди доволно дози на вакцини, така што сите бугарски граѓани ќе можат да изберат која вакцина ќе ја вакцинираат и да се постигне колективен имунитет, додаде министерот Костадин Ангелов.

Премиерот Бојко Борисов потсети дека досега Бугарија одвои милиони за вакцини за бугарските граѓани. Ќе се обезбедат и дополнителни средства за вакцинирањето за да се спроведе по планот што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи за изминатите 24 часа во Бугарија

Бугарскиот премиер е во изолација

Постои опасност Бугарија да стане Ковид-гето предупредува бугарски виролог

Зелените сертификати ги натераа Бугарите на вакцинација

Доколку мерките против Ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има локдаун во Бугарија