Брнабиќ за пресудата за случајот „Чурувија“: Немаме влијание врз судството, како граѓанин ќе барам правда

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска по повод ослободителната пресуда на Апелација за обвинетите за убиството на новинарот Славко Чурувија изјави дека не може да коментира судски пресуди, дека лично го очекувала таков исход, но и дека како „државјанка на Србија, таа ќе бара правда“.

Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека судењето за убиството на Чурувија започнало во 2015 година, 16 години по убиството и прашала зошто тоа не било сторено кога се случило.

„Поминаа 16 години по убиството на власт дојде Вучиќ и започнa постапка за убиството, а можам да кажам дека немаме некакво влијание врз судството во Србија бидејќи е независно“ изјави Брнабиќ.

Таа рече дека ќе продолжат да инсистира убиецот да се пронајде и додаде дека „Бранка Прпа била сведок на одбраната и кажала дека сега ослободените не се убијците“.

„А како мислите дека после тоа има некои судии кои ќе кажат дека тие се лицата кога таа е единствениот сведок на настанот“, праша Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Сателитските снимки покажуваат дека 30 отсто од Газа е уништена во израелските напади

Горан Наумовски