По повод концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб во саботата, претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека „поминаа повеќе од 24 часа, колку години, без никаков одговор или реакција од Европската Унија (ЕУ) на длабоко вознемирувачките манифестации на фашизмот, кои одекнуваат во соседна Хрватска“.
More than 24 hours have passed – though it has felt like a year – without any response or reaction from the EU to the deeply disturbing manifestations of fascism echoing in neighboring Croatia, which took place during the concert of Marko Perković Thompson. This concert, held in… pic.twitter.com/wzyM3FlZ5N
— Ana Brnabic (@anabrnabic) July 7, 2025
Таа истакна дека на концертот имало „повеќе од 400.000 луѓе во земја со помалку од четири милиони жители“.
Брнабиќ напиша на социјалната мрежа X дека „колку и да е шокирана од фактот дека во Европа, или било каде на друго место, постои земја каде што речиси половина милион луѓе присуствуваат на настан каде што ентузијастички се извикуваат нацистички пароли, 80 години откако светот беше сведок на најмонструозните фашистички и нацистички злосторства, таа е подеднакво шокирана од недостатокот на соодветна, или каква било, реакција од ЕУ и европските институции“.
Таа нагласи дека „усташкиот поздрав „Спремни за дом!“ стотици илјади луѓе го скандираа во саботата навечер само 100 километри од местото каде што се наоѓаше еден од најмонструозните нацистички логори – „Јасеновац“.
– Десетици илјади Срби, Евреи и Роми беа брутално убиени во тој логор, а според некои извештаи над сто илјади – Срби, Евреи и Роми. Тоа беше и единствениот концентрационен логор за деца во Европа. Сите беа убиени со извикот „Спремни за дом“ – извик еквивалентен на нацистичкиот „Зиг Хаил!“ – рече Брнабиќ.
– Реакцијата на ЕУ мора да биде решителна и јасна – не смее да има место за ваков вид опасна, полна со омраза реторика на европскиот континент. Тоа претставува закана за сите нас и не придонесува за мирот во регионот, туку напротив. Тишината е премногу гласна и ние нема да се согласиме со неа – рече Брнабиќ, со фотографии од концертот на Томпсон.