Бизарен случај во Белград: Исчезна ковчегот со починатиот

Од:

Од ладилник на гробишта во Белград исчезна ковчег во кој се наоѓаше починатиот В.Ј. (93).

Како што неофицијално дознава Информер, овој случај бил откриен денеска, кога требало да биде погребан починатиот.

-Известена е полицијата и започна истрага – изјави извор на Информер запознаен со случајот.

Според досегашните информации, неколку дена пред погребот, ковчегот бил донесен и оставен во ладилник.

– Никој не остана рамнодушен кога се дозна дека ковчегот го нема, а покојникот требаше да биде погребан – рече соговорникот.

Полицијата изврши разговор со надлежните и работи на откривање на деталите за случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничава сцена во Русино: мртовечки ковчег фрлен на депонија

Жарко Настоски