Берош и Поздер завршија во притвор

Од:

На екс министерот за здравство на Хрватска Вили Берош и на Саша Поздер им е изречена мерка притвор во траење од еден месец, а мерки на претпазливост се изречени против неврохирургот Крешимир Роти бидејќи ја изнесе својата одбрана, соопшти УСКОК.

Вицепремиерот и министер за хрватски бранители, Томо Медвед, денеска изјави дека ја осудува секоја форма на коруптивни и криминални дејствија и дава целосна поддршка на органите на прогонот во расветлувањето на случајот што доведе до апсење и разрешување на министерот за здравство Вили Берош.

Апсолутно се согласува со премиерот Андреј Пленковиќ, кој вчера изјави дека е згрозен од идејата секој во здравствениот систем да ја користи својата позиција за лично богатење или услуги и дека тоа го гледа како чин на предавство на личната доверба.

– Апсолутно, имајќи предвид дека се работи за особено чувствителен ресор, здравството, на посебен начин го гледаме како отежителна околност, рече Медвед.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Никој не добил мандат да работи на црно, ќе има последици

Горан Наумовски

Притворот за Берош е предложен поради можно влијание врз сведоци, адвокатот поднесува жалба

Горан Наумовски

Хрватскиот екс министер за здравство со лисици заврши пред истражен судија

Горан Наумовски

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош ноќта ја мина зад решетки по сослушувањето

„Берош обвинет за тргување со влијание, а не за мито“, вели главниот државен обвинител на Хрватска

А1он

Министерот за здравство во Хрватска се сомничи дека зел поткуп од 75.000 евра

А1он