Активистите добија казни, денеска нов протест во Белград

Од:

Група граѓани денеска се собраа на протест пред Владата на Србија. Тие бараат да бидат ослободени притворените тројца активисти на кои им е одредена мерка притвор.

Се започна вчера кога беше одржан протест против експлоатацијата на бор и литиум во Србија наречен „Рудници нема да има“. Дел од граѓаните блокираа две белградски железнички станици – Прокоп и Нов Белград.

Но, полицијата во раните утрински часови ги опколила граѓаните во Прокоп за да ги снима, а ги избркала малку по 5.30 часот.

– Двајца активисти се уапсени затоа што не сакале да ја напуштат станицата, Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ, вели Мариника Тепиќ.

Уапсен е и активистот Јулијан Димитријевиќ. Според последните информации, активистите биле осудени, каде Бјелиќ е осуден на 40 дена, а останатите на по 30 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од студентската блокада во Белград

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

Притвор за девојката која прегази студентка на петочниот протест во Белград

А1он

(ВИДЕО) Тензична ситуација на протестот во Белград

Горан Наумовски

Дачиќ: На протестите во Белград уапсени се 14 лица, меѓу нив има и странци

Демонстрантите се повлекоа од шините на железничката станица во Нов Белград