Телефонски разговор Ердоган – Путин: Турција прави се за да обезбеди мир во Сирија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, јави Анадолија.

Како што соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, двајцата лидери разговарале за односите меѓу Турција и Русија, за последните случувања во Сирија и за други глобални и регионални прашања.

За време на разговорот, Ердоган рекол дека Турција продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Сирија, но и прави напори за праведно и трајно решение во Сирија.

Тој посочи дека е важно да се отвори повеќе простор за дипломатија во регионот и дека сирискиот режим треба да се вклучи во процесот на политичко решение.

Ердоган рекол дека е најважно цивилите да не трпат штета.

Тој додал дека Сирија не треба да биде причина за уште поголема нестабилност и оти Турција прави се за да обезбеди мир во таа земја.

Ердоган исто така нагласил дека Турција ќе продолжи со решителен став во борбата против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци кои се обидуваат да извлечат корист од најновите случувања во Сирија, јави Анадолија.

Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година. Во текот на изминатата недела, бунтовничките сили, во ненадејна офанзива, ја презедоа контролата врз Алепо и некои други региони.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он

Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

А1он