(ВИДЕО) Путин на петчасовна средба со Виткоф и Кушнер во Москва

Од:

Рускиот претседател – Владимир Путин одржа состанок, кој траеше повеќе од 5 часа, со специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп – Стивен Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер.

На средбата во Москва детално се разгледуваше новиот американски мировен план.

Според изворите, фокусот сега е поместен кон утврдување на де факто граници, што имплицира дека САД вршат притисок врз Киев за тешки територијални отстапки како цена за запирање на војната.

Додека Путин не отстапува од барањето за целосна контрола врз Донбас, украинскиот претседател Володимир Зеленски од Даблин испрати порака дека иако прашањата за териториите и замрзнатите руски средства се „најтешкиот дел“, сепак постои историска шанса за крај на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Виткоф и Кушнер го напуштија Кремљ по два часа разговори со Путин

А1он

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Путин: Русија е подготвена за војна со Европа!

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он