„Златен лав“ за филмот „Рома“ на Алфонсо Куарон

Од:

Мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон ја доби наградата „Златен лав“ на 75-то издание на Венецискиот филмски фестивал за филмот „Рома“.

Станува збор за црно-бела драма, која е еден вид сеќавање на неговото детство во Мексико Сити во раните 70-ти години.

Вилем Дефо ја доби наградата за најдобар актер за ликот на Винсент ван Гог во филмот „Пред портата на вечноста“, а Британката Оливија Колман е прогласена за најдобра актерка за улогата на кралицата Ана во филмот „Фаворитот“.

Единствената жена режисер во официјалната програма Џенифер Кинт ја доби специјалната награда од жирито за филмот „Славејот“.

Французинот Жак Одијар ја доби наградата „Сребрен лав“ за најдобар режисер за филмот „Сестрински браќа“.

Браќата Џоел и Итан Коен ја добија наградата за најдобро сценарио за вестернот „Баладата на Бастер Скрагс“.

Претседател на жирито беше режисерот Гилјермо дел Торо.tep

Би можело да ве интересира

Филмскиот фестивал во Венеција почнува вечерва

Ана Ололовска

Новиот филм на Алмодовар ќе го отвори фестивалот во Венеција

Ана Ололовска

Почнува 77-от Меѓународен филмски фестивал „Мостра“ во Венеција

Ана Ололовска

Во Венеција утре почнува 77 Меѓународен филмски фестивал „Мостра“

Ана Ололовска

Златен лав за „Џокер“, сребрен за Полански

Ана Ололовска

Модата на отворањето на 76-от филмски фестивал во Венеција

Ана Ололовска