Супермоделот Жизел Бундшен присуствуваше на специјална седница на Обединети нации посветена на Светскиот ден на диви видови, во својство на амасадорка на добра волја на програмата за заштита на животната средина.
– Зачувувањето на флората и фауната е заедничка одговорност. Сите мораме да се потрудиме, бидејќи иднината на дивите видови е во наши раце, напиша Жизел на Твитер пред почеток на седницата.
Манекенката е амбасадорка на ОН на програмата за заштита на животната средина од 2010 година, а пред две години заедно со татко и го покрена проектот „Clean Water Project“ во Бразил.
Најплатената манакенка во светот е и членка во Одборот за заштита на дождовните шуми.