Затворен е Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша

Од:

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша со години го гради својот профил на Инстаграм, на кој ја следеа околу 2 милиони и 400 илјади луѓе, а сега пејачката остана без него.

Пејачката често го користеше овој профил за да комуницира со фановите, споделувајќи ексклузивни фотографии, модни изданија и ставови за актуелните општествени проблеми.

Инстаграм профилот на Карлеуша беше еден од најследените на Балканот.

Причината за затворањето на профилот засега не е позната, но ова дефинитивно предизвика големо внимание во јавноста.

Нејзините следбеници сега се збунети и се обидуваат да ги дознаат причините за исчезнувањето на нејзиниот профил, додека Карлеуша се уште не се изјасни за ситуацијата.

Иако не се знае дали профилот е отстранет поради кршење на правилата на платформата, хакерски напад или самата пејачка решила да го деактивира, едно е сигурно – нејзиното исчезнување од Инстаграм остава голема трага, бидејќи таа е една од најактивните и највлијателните личности на домашната јавна сцена во Србија, а богами и на Балканот.

Би можело да ве интересира

Поддршката на Мадона за студентите предизвика реакциja од Карлеуша: Легенда си, ама одје*и

А1он

Џорџина и откри на Јелена Карлеуша до кога ќе игра Роналдо фудбал

Предраг Петровиќ

Јелена Карлеуша парадираше на модната писта во Париз, со сопругата на Роналдо, а за дизајнерот на Мадона

Предраг Петровиќ

Власта го забрани настапот и на Карлеуша во Хрватска: Ако им е проблем Србија, нека замислат дека доаѓам од Марс

Се бара забрана на концертите на Карлеуша и Лукас во Хрватска

Предраг Петровиќ

Карлеуша сослушана во полиција поради пропаганда против ММР вакцина

Наум Локоски