Повеќе од 100.000 живи лебарки, кои се забранети во Австралија, се запленети од одгледувач, што е најголемата заплена на егзотични безрбетници во земјата досега, соопшти денес австралискиот Оддел за климатски промени, енергија, животна средина и вода.
Во соопштението се вели дека мадагаскарските шушкави лебарки и дубија лебарки, во вредност од 200.000 австралиски долари (122.000 евра), биле запленети во мај од комерцијален одгледувач во градот Батурст, Нов Јужен Велс, објави АП.
Мадагаскарската шушкави лебарки е една од најголемите лебарки во светот, со должина помеѓу пет и 7,5 сантиметри, и е многу поголема од обичната австралиска лебарка, која е долга помеѓу 2,2 и 3,3 сантиметри.
Увозот на мадагаскарски шушкави лебарки и дубија лебарки во Австралија е забранет и тие не можат легално да се чуваат, одгледуваат или продаваат во земјата, без оглед на тоа како се добиени, соопшти Одделот за климатски промени, енергија, животна средина и вода.
Одделот соопшти дека не се поднесени обвиненија против одгледувачот од кого беа запленети лебарките и дека запленетите лебарки ќе бидат еутанизирани.
