Воведени мерки за регулирање на пристапот до Мон Блан

Од:

Планинарите кои ќе сакаат да се искачат на највисокиот врв во Европа, Монт Блан во иднина не ќе можат да пристап до патеката што води до него, доколку немаат резервирано престој во едно од попатните одморалишта, јави дописникот на МИА.

Ваквата одлука ја донесе префектот на Горна Савоа, Пјер Ламберт, со цел да се избегнат пренатрупаноста на одморалиштата, безбедносните проблеми, а понекогаш и антисоцијалното однесување и прекршување на јавниот ред.

Искачувањето од врвот по вообичаената патека за огромно мнозинство на планинарите, подразбира најмалку едно преноќување во некое од одморалиштата, што често предизвикува проблеми поради нивната преполнетост.

Ламберт нагласи дека пренатрупаноста во објектите за сместување, води до безбедносни и здравствени ризици, посочувајќи на неколкуте инциденти со физички закани кон чуварите на одморалиштата.

Новата мерка стапува во сила од утре и ќе важи до 29 септември, односно во периодот на екот на сезоната на искачување на Мон Блан.

Ламберт информира дека за ноќевање надвор од одморалиштата, односно за кампување во заштитената зона предвидена се две години затвор и парична казна од 300.000 евра. Спротивставување на лицата одговорни за спроведување на оваа одлука ќе се казнува со до две години затвор и 30.000 евра парична казна за поединци и до три години затвор и 45.000 евра за учесници во насилна група.

Мон Блан годишно привлекува по околу 25.000 планинари.

Би можело да ве интересира

Опасност од уривање на дел од глечер на Мон Блан

Ана Ололовска