Седмиот фестивал на виното „Вино-Скоп“ од денеска до недела ќе се одржува на плоштадот „Македонија“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат над 500 видови македонско и странско вино од 20 винарии кои ќе се претстават на годинашниот вински фестивал.
Организатор на фестивалот е винотеката „Темов“, а Град Скопје и годинава ја поддржува манифестацијата. Најавено е вечер во 20 часот неа да ја отвори градоначалникот Коце Трајановски.
Годинава на фестивалот ќе гостуваат главно музичари од Македонија – Драган Мијалковски, Јаков Дренковски, Владимир Четкар, Бојана Атанасовска, Бени и Нон Стоп, Тумбао Салса Бенд, Кристина Арнаудова, Суперхикс… Ќе настапат и гости од Хрватска, музичко трио од Кипар и бенд од Италија, а ќе има и етно, џез, македонски евергрини.
Од штандовите на винариите-учеснички