„Вино Скоп 2016“ на нова локација, на плоштадот „Мајка Тереза“

Од:

Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп“ почнува в среда, на нова локација-плоштадот „Мајка Тереза“ или платото пред МОБ.

– Фестивалот е поместен на новата локација поради технички причини, информира организаторот „Темов“.

„Вино Скоп“ ќе биде отворен за посетители од 12 часот, а ќе се одржува до 2 октомври. Посетителите во петте фестивалски денови ќе може да дегустираат вино од десет македонски винарии, вински коктели-сангрија и вино мохито. Покрај виното ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.

Годинава во музичката програма ќе има џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери…

– Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде може да паркираат оние кои ќе доаѓаат со возила. Препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси, соопшти организаторот.

Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен. Покровител е Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почна „Вино Скоп 2016“

Ана Ололовска