Ѕвездата на филмскиот хит „Брзи и бесни“, Вин Дизел стана 282-от актер кој остави свои отпечатоци пред познатиот Кинески театар во Холивуд.
Во присуство на сопругата и нивните деца, 47-годишниот Дизел го „забетонира“ своето место во филмската историја, оставајќи отпечатоци од рацете и стапалото на булеварот „Холивуд“.
Неговата невенчана сопруга, мексиканската манекенка Палома Хименез, пред неколку дена ја роди нивната ќерка Полина, која е крстена по почината филмска ѕвезда Пол Вокер.
Дизел, чие вистинско име е Марк Синклер, со Палома има уште две деца, шестгодишната Ханија и четиригодишниот Винсент.