Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин „Кејт“ Мидлтон неодмана соопштија дека би сакале нивниот син Џорџ да добие сестричка.
Ваквата желба, како што објавуваат лондонските медиуми, ќе им биде исполнета, бидејќи е утврдено дека бремената Кејт носи девојче.
Малата принцеза би требало да се роди во април и речиси сигурно ќе биде крстена по покојната мајка на Вилијам, Дајана.
– Блиски пријатели на Вилијам и Кејт открија дека нивната ќерка ќе се вика Дајана. Уште пред да се роди Џорџ, разговарале за женски имиња и сега се навистина среќни што ќе можат да и оддадат ваква почит на покојната принцеза, изјави Ендрју Мортон, авторот на биографијата на принцезата Дајана.
Британските медиуми наведуваат дека Кејт воопшти не штедела при набавката на се што е потребно за едно женско бебе и веќе е подготвен цел плакар облека за идната принцеза Дајана.