Војводата и војвоткињата од Кембриџ одлучиле уште еднаш да ја прекршат кралската традиција и тоа кога станува збор за избор на кумови за крштевање на нивниот син.
Тие најверојатно ќе изберат некои од нивните пријатели да бидат меѓу шестте кумови за крштевање на принцот Џорџ. Банкарот, Фергус Бојд, кој студираше на Итон со принцот Вилијам и кој ја делеше куќата со кралската двојка на Сент Ендрју Универзитетот ќе биде еден од кумовите на принцот Џорџ.
Покрај Фергус други „номинирани“ се и пријателката на Кејт од колеџот Марлбор, Емилија Д’Ерланџер, која е дизајнер, како и еден од најстарите пријатели на Вилијам, Хју ван Кутсе.
Избор на Вилијам и Кејт многу го загрижи кралското семејство, бидејќи се „обични“ луѓе.
Во Велика Британија обложувачниците не губеа време и на Фергус Бојд му дадоа 2:1 шанси да стане кум, што го направи фаворит.