(ВИДЕО) Во Белград изгоре „бесната машина“ на јутјуберот „Бака прасе“

Од:

На јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како „Бака прасе“, му изгоре скапиот автомобил кој беше паркиран во комплексот Белград на вода. Џипот „Брабус“ изгоре пред неговата зграда во луксузната населба. Јутјуберот го сними својот џип од прозорецот на својот стан додека предниот дел од автомобилот гореше.

– Почивај во мир БРАБУС 2023-2026 – напиша тој.

Патем, како што претходно изјави Илиќ оваа „бесна машина“ ја плати половина милион евра.

Тој го купи возилото пред три години, но откако го купи, се покаја и брзо сакаше да го врати.