Жена беше нападната од ајкула во близина на островите Галапагос.
Минатиот месец во близина на островите Галапагос, Делија Иријарте (40) беше тешко повредена кога ја нападна ајкула. Жената нуркала кога ајкула ја каснала за десната нога.
По каснувањето, морето веднаш поцрвенело, а Делија за малку ќе изгубела свест поради прекумерната загуба на крв и поради шокот. Веднаш била пренесена во медицинска установа, а лекарот од болницата на островот Санта Круз рекол дека е стабилна и свесна. Несреќната жена била подложена на тешка операција, а лекарите успеале да и ја спасат ногата.
“Почувствував дека нешто силно ме удри и на почетокот не бев свесна што се случува. Се обидов да продолжам да пливам, а потоа видов дека се е црвено од мојата крв”, изјави Делија. Според неа, таа сама допливала до брегот.
Едвај стигнав таму, ме здроби. Веднаш разбрав дека се работи за ајкула кога ја видов длабочината на каснувањето и повредите кои ми беа нанесени“, рече таа. Таа изјави дека се се случило многу брзо и дека не успеала ни да ја види ајкулата која ја нападнала.