Еден месец откако преку Фејсбук зборуваше за своите суицидални мисли, Шинејд О’Конор отворено разговараше за својата психичка болест и тешкото детство со Доктор Фил, интервју кое целосно треба да биде емитувано следниот вторник.
Во најавата Шинејд О’Конор објаснува дека во една година осум пати се обидела да се самоубие.
На прашањето на Доктор Фил за тоа што сакала кај својата мајка, која починала во сообраќајна несреќа кога О’Конор имала 19 години, пејачката одговори: „Тоа што е мртва“, објаснувајќи дека мајката физички и сексуално ја злоставувала.
– Имаше соба за мачење. Уживаше во повредувањето на другите. Станав суцидиална и бев ‘заглавена’, вели О’Конор.
Таа додава дека планира да го промени и сопственото име.
– Ќе го менувам името. Шинејд О’Конор повеќе не постои, таа личност веќе не постои, рече Шинејд.
Доктор Фил претходно во емисијата на Џими Кимел кажа дека О’Конор сама го побарала ова интервју.
Таа му кажала дека е во проблеми и дека ѝ е потребна помош и дека сака да ги дестигматизира психичките болести бидејќи премногу музичари умираат.