Водителите на утинската програма „Despierta América“ во телевизиската архива пронашле старо видео на Селма Хајек од нејзината прва актерска аудиција, кое го објавиле во програмата.
Селма на снимката прво се претстаува пред камерата, открива дека има 20 години и дека нема никакво актерско искуство.
На видеото се гледа дека денешната славна глумица верно ги следела трендовите на 80-те години на минатиот век, па носела јака шминка и ондулирана фризура (минивал). Во тоа време Селма е со густи, дебели и речиси споени веѓи и за разлика од денес, не ги истакнувала своите облини.
Од тогаш минало многу време и денес 50-годишната Селма има остварено бројни улоги во холивудските филмови, а еднаш беше и номинирана за Оскар за улогата на Фрида Кало.