ВИДЕО: Пред 12 години скромна домаќинка во долгови до гуша, денеска скромна милионерка

Од:

Сузан Бојл заработи милиони, а сега откри како ги потрошила – притоа покажа колку се трансформирала во меѓувреме.

Сузан Бојл, ѕвездата која го освои светот на натпреварот „Britain’s Got Talent“, во текот на кариерата заработи околу 22 милиони фунти. Таа има 60 години, се држи настрана од јавноста, но објави како ги потрошила парите по што се покажа дека е многу штедлива.

Иако имала повеќе од доволно пари за да купи вила, Сузан решила да остане во својата мала куќа. Меѓутоа, пред неколку години таа одлучи да купи уште една куќа до нејзината за 111.000 фунти за да ги спои повторно и да го создаде својот дом од соништата.

Пејачката се посвети на реновирање на својот сакан имот и го трансформираше во неверојатен модерен простор за живеење погоден за славна личност.

Таа објасни дека нејзиниот дом има многу спомени за неа, поради што не можела да го остави зад себе откако се стекнала со слава.

Ова се однесува на спомените од вашата куќа и вашето воспитување, треба да ги погледнете работите и можеби да видите од каде доаѓате и каде лежат вашите корени. Најдобро е да си приземјен и со корени. Тоа те држи на земја и спречува да кажуваш работи кои можеби не треба да ги кажеш“, изјави таа за магазинот Ок.

Иако куќата изгледа малку скромно на прв поглед, внатрешноста се карактеризира со модерен дизајн и секоја соба има различна палета на бои.

Сузан е религиозна, па не е изненадување што пред нејзината соба за пијано на влезот од куќата има колекција на икони на Исус Христос.

Собата со клавир е украсена со многу религиозни артефакти, покрај сите нејзини музички сувенири што ја украсуваа просторијата. Придржувајќи се до религиозните теми, Сузан изложи фотографии и слики од нејзините покојни родители, како и од средбата со папата.

По големото реновирање на куќата, пејачката се одлучила за голем сив и кариран тросед кој ќе ја украси нејзината дневна соба и кујна во слична боја.
Сузан се уште е неверојатно горда на својата силна врска со семејството и вели дека куќата има многу среќни спомени.
Она на што исто така потрошила пари се часовите по возење. Сузан секогаш сака да седне зад воланот, но не може да го помине испитот. Но, не се откажува и дел од парите ги издвоила за испити.
Сузан се повлече од јавноста откако сфати дека не може да се носи со толку голема популарност и притисок од јавноста.

На врвот на кариерата, Сузан доби, меѓу другото, цел тим од професионалци чија задача беше да направат ѕвезда од една очајна домаќинка. И одеднаш Сузан навистина се претвори во ѕвезда, секогаш облечена во најдобрата облека , со уредна фризура и комплетен стајлинг.

Кога изјавил дека е невина и дека никогаш не се бакнувала, нејзината популарност експлодираше, а мажите редовно и се јавувале, па била принудена постојано да го менува телефонскиот број.

Вечерта на финалето, додека целиот свет беше убеден дека таа е победничка во шоуто „Британија има талент“, таа загуби и истата вечер заврши во душевна болница. И беше дијагностицирана депресија, а по излегувањето од болница замина во манастир во Шкотска.

Оттогаш таа слабо се појавува во медиумите, а минатата година објави дека е подготвена да се врати на сцената, но освен еден настап, ништо посебно ново не се случи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 10 години го освои светот како скромна домаќинка со ангелски глас, а денес изгледа неверојатно

Наум Локоски