ВИДЕО: Опера на сцената, Елена го воодушеви жирито

Од:

15-годишната Елена Бимбиловска го воодушеви жирито во Пинкови ѕвездички кога испеа песна како вистинска оперска дива.

Младата натпреварувачка најпрво се претстави со песната „Кошава“ на Јелена Томашевиќ, а потоа го испеа хитот на Андреа Бочели „Time to say goodbye“ и сите во студиото ги остави без текст. „Таа е дива“, се коментираше во бекстејџот, а истото мислење го делеше и жирито.

Гоца истакна дека првата песна не и „легнала“, но дека во оперскиот жанр одлично се истакнала.

„Ова си ти, ова е театар, ова е опера, уживаме додека те слушаме. Можам само да замислам како ќе пееш опера за 20 години“, рече Јелена Томашевиќ.

На Милан му се допадна пеењето на Елена и смета дека нејзиниот глас е во предност во однос на останатите натпреварувачи.

„Импресивно, јас се наежив. Секоја чест, си избрала терен кој е најтежок, а тоа беше импресивно“, заклучи Хари.

Леонтина е воодушевена со пеењето на Елена и го дели истото мислење со Хари дека нејзиниот глас е импресивен.

„Навистина гледам дека ти претстои голема кариера“, рече Леонтина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Антониа Гиговска со перфектен настап во Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Антониа Гиговска совршена во настапот на Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Антониа Гиговска се пласираше во 7. круг во Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мартија Станојковиќ повторно воодушеви во Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преполн плоштад за пречек на Трајче Георгиев

Ана Ололовска

ВИДЕО: Трајче Георгиев второпласиран во Пинкови Ѕвездички

Ана Ололовска