(ВИДЕО) Обезбедувањето не ја пушти ќерката на Мадона поради доцнење : Знаете ли која е таа?

Од:

Ќерката на Мадона, Лоурдес Леон, не беше пуштена на ревијата на Марк Џејкобс во Њујорк бидејќи пристигна на задниот влез.

Немилиот настан се случи само две години откако Лоурдес Леон беше најавена како заштитно лице на кампањата на истата модната марка во пролетта 2021 година.

Ќерката на Мадона се појави точно во 18 часот кога почнувала ревијата, а обезбедувањето ја запрело на скалите. Тие и рекоа дека настанот е затворен. Додека Лоурдес се обидуваше да влезе, се слушаа случајни минувачи кои се обидуваа да му објаснат на обезбедувањето која е девојката што не ја пуштаат.

@mickmicknyc Drama outside the #marcjacobs fashion show as #lourdes wasn’t allowed in after arriving exactly as the show started #nyfw #nyc #nycfashion #madonna ♬ original sound – New York Mickey

„Пушти ја да влезе, таа е ќерка на Мадона“, „Не знаеш ли која е?

Но обезбедувањето не попушти и тоа дополнително ги налути насобраните фанови кои потоа почнаа да скандираат: „Пушти ја да влезе!“

На крајот, Лоурдес се откажа и го покри лицето со едната рака додека се враќаше кон автомобилот во кој пристигнал.

Таа е најстарото дете на Мадона и е позната дека Мадона е најслаба на неа, а пејачката ја доби со актерот Карлос Леон. Пејачката има уште пет деца, од кои четири се посвоени, а со режисерот Гај Ричи го доби и синот Роко.

Би можело да ве интересира

Мадона го остави 37 години помладото момче: „Кога патувањата престанаа и возбудата престана“