Мадона на нејзината турнеја ја следат скандал по скандал.
Така вчера на концертот во Бризбејн, таа ја шокираше публиката откако на бината повика една од девојките од првите редови, која потоа ја соблече топлес.
– Девојка каква што само сакате да ја удрите по задникот, рече Мадона пред шокираната девојка, по што додаде: „Опс. Извини, тоа е сексуално вознемирување“.
Скандалот беше уште поголем што девојката Џозефина Џорци има само 17 години. Таа, сепак, вели целиот инцидент и бил забавен.
– Мене не ми беше непријатно. Зашто сите мислат така? Не ми беше непријатно од своето тело, барадавиците, ниту градите, изјави девојката.
Скандалот на сценатат следи по серијата медиумски написи за судската борба на Мадона и нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи.
Најновите информации во оваа „сапуница“ се дека нивниот 15-годишен син Роко, по претстојот кај татко му и неговата нова сопруга, одбива да се врати кај мајка му во САД, нешто со што Мадона не сака да се помири.