ВИДЕО: Колку е лесно некому да ставите дрога во пијалакот?

Од:

На повеќето од нас можноста некој да ни стави дрога во пијалакот на забава или во кафуле ни изгледа како урбан мит. Никој во текот на излегувањето не помислува секогаш да ја контролира својата чаша или да гледа како му се сипува пијалакот.

Но, Џои Сејладс сакаше да покаже колку сме наивни и како нашето незнаење за дрогите би можело скапо да не чини.

– Ставањето дрога во пијалак всушност е многу поедноставно отколку што некои од нас мислат, тврди Џои, кој тоа го докажа и со едно видео објавено на Јутјуб.

За потребите на видеото тој отишол во еден ресторан, седнал до жртвата која незнаела какви се неговите планови, а потоа го искористил моментот на нејзино невнимание и и ставил дрога во пијалокот. Таа во тој момент немала претстава што и се наоѓа во чашата.

Тоа не успеал да го направи само еднаш, туку дури три пати, а ниту една од девојките не знаеле што им се случува додека не гледале во своите чаши.

Џои всушност не ставил ништо опасно во пијалакот на своите жртви, но сакал да покаже дека тоа може да го направи без проблеми, додека никој не го гледа.

Би можело да ве интересира

Британка станала порно актерка за да му купи скапи божиќни подароци на синот

Ана Ололовска

Американец тужи музеј поради „ариевски“ приказ на Исус Христос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бизарна мода на одмазда на изневерени жени во Кина

Ана Ололовска

Илјадници пчели одложија летање на авионот на авио-компанијата „Американ“, два пати по ред

Ана Ололовска

Го тужи 12-годишниот внук поради излив на љубов

Ана Ололовска

Уште еден доказ дека не треба да се верува на се што ќе се појави на Интернет

Ана Ололовска