(ВИДЕО) Кејли Квоко го заборави сопругот на доделувањето на наградите „Избор на народот“

Од:

На овогодишното, 41. по ред, доделување на наградите „Избор на народот“ во категоријата „омилена телевизиска серија“ победи „Бубалици“, а ѕвездата на овој серијал Кејли Квоко беше прогласена за „омилена актерка во телевизиска комедија“.

По тој повод, таа одржа пригоден говор, при што заблагодарувајќи им се на заслужните за нејзиниот успех, заборави да го спомене сопругот Рајан Свитинг.

Кога потоа целата екипа на „Бубалици“ се појави на сцената по наградата за најдобра серија, грешката на Квоко се обиде да ја исправи нејзиниото поранешно момче и партнер во серијалот Џони Галеки.

– Само на кусо, Ве молам, Кејли заборави да му се заблагодари на нејзиниот сопруг, па сега јас ќе го сторам тоа наместо неа: „Рајан, ти си моето срце и не можам да замислам да бидам без тебе“, изјави Галеки во име на неговата поранешна девојка со која беше во врска неколку години.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ