ВИДЕО: Камерата го сними моментот пред застрашувачкиот напад на ајкулата, едвај го спасија

Од:

Братот на Бег ги контактирал медиумите од болницата и по 24 часа рекол дека сурферот изгубил една нога, а најверојатно ќе ја изгуби и другата.

“Неговото стапало му беше скинато и крвареше насекаде. Се обидоа да разговараат со него, тој молчеше, беше вкочанет”, го опиша еден сведок бруталниот напад на ајкула врз австралискиот сурфер.

Тоби Бег (44), татко на две деца, е во критична состојба и се бори за живот откако во петокот беше нападнат од голема бела ајкула во близина на Порт Мекквари во Нов Јужен Велс, јавува 9 Вести.

Нападот на ајкулата ќе беше фатален доколку неговите колеги сурфери веднаш не му ја преврзаа ногата која обилно крвареше. Во близина имало лекар, исто така сурфер, кој му помогнал на нападнатиот.

„Апсолутен благослов е да се има лекар за итна помош на лице место“, рече главниот инспектор на полицијата на Нов Јужен Велс, Мартин Бурк.

Братот на Бег ги контактирал медиумите од болницата и по 24 часа изјавил дека сурферот ја изгубил едната нога, а најверојатно ќе ја изгуби и другата, но дека сè оди на подобро и дека му претстојат бројни операции и години рехабилитација.

Би можело да ве интересира

Страшен напад на ајкула во Тајланд, жена (57) доби рана од 30 сантиметри

А1он

ВИДЕО: Уште еден напад-жена додека нуркаше ја нападна голема ајкула

Предраг Петровиќ