ВИДЕО: Ентони Хопкинс изненаден од новиот Оскар

Од:

Филмскиот ветеран Ентони Хопкинс е изненаден од новиот Оскар. За него, како и за многумина други, починатиот Чедвик Бозман важеше за фаворит за одличјето за најдобар глумец во главна улога. Глумецот објави и видео на Инстаграм, во коешто се заблагодарува за наградата и го спомнува неговиот покоен колега.

– Добро утро! Јас сум тука, во мојата родна земја Велс и на 83-годишна возраст не очекував да ја добијам оваа награда. Јас навистина не го очекував тоа!, вели Хопкинс на видеоврската.

По заблагодарувањето кон Академијата, тoj рече:

– Сакам да го споменам и Чедвик Бозман, кој нѐ напушти прерано. Се чувствувам крајно поласкан од оваа награда!

По објавувањето на Хопкинс за победник, некои на интернет коментираа и дека Академијата му ја одзела последната награда на Бозман.

Ентони Хопкинс е најстариот актер кој добил Оскар за машка главна улога. Статуеткава е втора во неговата кариера по 1991 година, кога го доби одличјето за ликот на психопатот Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка