Животната приказна на д-р Кристијан Ристовски е доказ дека и по најтешките животни удари може повторно да се застане на нозе. По тешка сообраќајна несреќа, тој поминал две недели во кома, а лекарите воделе тешка битка за неговиот живот.
Но, наместо трагедијата да го скрши, таа му дала нова животна мисија. Денес е стоматолог кој своето знаење и професионалност ги посветува на пациентите со посебни потреби и пречки во развојот – луѓе на кои им се потребни дополнителна грижа, разбирање и посебен пристап.
Како изгледале деновите поминати меѓу животот и смртта? Што му помогнало да се врати во нормален живот? И зошто решил својата кариера да ја посвети токму на најранливите категории пациенти?
Искрената и инспиративна животна приказна во најновото издание на One Way Agnesa Show.
