14-годишната Антониа Гиговска од Скопје повторно го воодушеви жирито во Пинкови ѕвездички.
Во овој круг натпреварувачите пеат по две песни, а Антониа ги изведе „Две лири“ од Каролина Гочева и Feeling good од Nina Simone.
– Конечно нешто првокласно, рече Хари по изведбата на „Две лири“.
– Можеби има некој подобар на овој свет, но сега ова ми се чини како да ја слушам Селин Дион, додаде Хари по втората песна.
– Твојот глас е како катедрала. Ти си шоу секој пат и тоа е тоа, зрела ѕвезда, искоментира Леонтина.
– Кога ќе дојдеме до некој кој е извонреден имаме малку да кажеме, останува да те слушаме и да уживаме во секој твој настап. Те гледам во супер финалето, рече Милан