Вештачка интелигениција тема на Сеавус Code Talks

Од:

Денес, 26 септември, вторник, по четврт пат, ќе се одржи Сеавус Code Talks во Скопје. Настанот ќе се одржи во Сити Хол, со почеток во 18 часот, а влезот е слободен.

Оваа година тема на настанот ќе биде „Вештачка интелигеницја“, а ќе зборуваат двајца експерти од Сеавус.

„From bit to Artilect” е темата на која ќе зборува Александар Размовски, Senior Business Intelligence Analyst.

„Способност за учење, разбирање или снаоѓање во нови или непознати ситуацииили причини, потреби и последици од појавата на новата интелигенција,“ е краткото сиже на она што за што денес ќе зборува Александар.

Втора тема ќе биде „Вештачка интелигенција – технологија – каде сме денес“, на која ќе зборува Милан Стојковиќ, софтверски инженер.

„Ќе зборувам за концептот на ВИ асистент. Односно, како со комбинација на модерни техники ВИ асистентот може да се справи со документирање на состаноци“, изјави Милан.

После презентациите ќе има панел и дискусија на која ќе учествуваат повеќе експерти до Сеавус.

Би можело да ве интересира

Осум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма

Отворен повик за млади креативци до 27 години: Награда за најдобра идеја за Надминување на последиците од ковид пандемијата

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска

Официјално почна глобалната програма Accelerate2030 во нашата земја

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите

Натпревар на идеи во Seavus едукативниот и развоен центар