Ванила Ајс казнет за ограбување куќи

Од:

Пејачот Ванила Ајс, кој се прослави во 90-те години на минатиот со песната „Ајс, Ајс Бејби“, постигна вонсудски договор да работи сто часа општествено полезна работа, а во замена Обвинителство ќе се откаже од обвинението против него поради грабеж.

Како што објавија американските таблоиди, 40-годишниот Ванила Ајс, чие вистинско име е Роберт ван Винкер, бил уапсен во февруари годинава поради кражбата на повеќе предмети од празни куќи во близина на неговиот дом во Палм Бич на Флорида.

– Музичарот ќе се занимава со работа за општо добро, но тој и онака го работи тоа. Случајот е затворен, изјави обвинител Брадфорд Коен по постигнувањето на договорот.

Ванила Ајс од своја страна изјави дека „немал лоши намери“ и оти се било „недоразбирање“.

Поранешниот рапер, а сега ѕвезда на телевизиско реалити шоу, ја реконструира својата куќа во Палм Бич за потребите на емисијата „The Vanilla Ice Crew“.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ