Дејвид Бекам отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм, а неговата прва фотографија од постела за кратко време собра повеќе од половина милион „допаѓања“.
Популарниот „Бекс“ со утринското селфи од постела покажа дека и понатаму е неодолив за жените, дури и на почетокот од петтата деценија од животот.
Бекам, кој наполни 40 години, роденденската прослава ја започна на Инстаграм, споделувајќи неколку фотографии со своите обожаватели.