Познатиот француски актер Жерар Депардје е проглсен за „персона нон грата“ во Украина и му е забранет влез во земјата во следните пет години, соопштуваат медиумите во Киев.
Одлуката за тоа ја има донесено украинското Министерство за култура, кое има изготвено „црна листа“ на познати и помалку познати личности од светот на културата – актери и музичари – за кои се тврди дека „ ја подржуваат руската анексија на Крим“ извршена во март 2014 година.
Не се споменува кога Депардје зборувал за тоа и ја одобрувал руската акција за „повторното присоединување“ на полуостровот Крим кон Русија, но Французинот, во Киев се третира како „голем руски пријател“ и близок со претседателот Владимир Путин.
Депардије во 2013 година, доби руски пасош од претседателот Путин, откако најави дека „се откажува„ од Франција, по решението на владата во Париз за зголемено одночување на оние кои многу заработуваат.
Францускиот актер еднаш ја има прогласено Русија како „голема демократија“ а минатата недела предизвика контроверзи во западните медиуми, кога ненајавено се појави во Минск.
Во белорускиот главен град, Депардје беше гостин на претседателот Александар Лукашенко кој го одвел својот гостин на имотот во околината на Минск, каде го подучувал како да коси со рачна коса.
Во Киев не се соопштува дали одлуката да му се забрани влез на францускиот актер е одлука само на Министерството за култура, но претставник на украинската Служба за безбеднист изјавил за локалните медиуми дека Службата нема никаква врска со забраната.