Украден фустанот на Нионг, вреден 150.000 долари

Од:

Фустанот, во кој минатогодишната добитничка на Оскар, Лупита Нионг блесна на црвениот килим на 87-то свечено доделување на наградите, е украден од нејзината хотелска соба, пишува ТМЗ.

Фустанот е креација на модната куќа Келвин Клајн, а за нејзина изработка биле неопходни да се вткаат дури шест илјади бисери. Вредноста на овој фустан е 150.000 долари.

Како што изјави актерката во полицијата, фустанот исчезнал во вторникот, во утринските часови меѓу 8 и 9 часот. Во тој период Лупита не била во собата, а кога се вратила видела дека фустанот е украден.

Претставник од полицијата во Лос Анџелес ја потврди оваа информација.

– Можам да потврдам дека фустанот исчезна од собата во хотелот „Лондон“ кој припаѓа на актерката, Лупита Нионг. Моментално ги разгледуваме сите можности, а една од нив е дека собарката ја оставила вратата отворена додека чистела, што го искористиле потенцијалните сторители, рече тој.

Тој исто така, рече дека истрагата е во тек и дека полицијата ги испитува сведоците.

Управата на хотелот „Лондон“ исто така, ја потврди оваа информација.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ