Американската трансродова актерка Хантер Шефер е меѓу фаворитките за улогата на „Бонд-девојка“, откако беше потврдено дека актерот Роберт Патинсон ќе биде новиот Џејмс Бонд, објави британскиот медиум „GB News“.
Според списанието „Variety“, Шефер, позната по улогата во серијата „Еуфорија“ (Euphoria), се споменува како една од можните актерки за улогата на „Бонд-девојка“.
На листата на кандидатки се наоѓаат и актерките Маргарет Кволи, Сидни Свини, Ања Тејлор-Џој и Флоренс Пју.
Меѓу другите имиња се и Ванеса Кирби, Адрија Архона, Лили Џејмс, Алисија Викандер и Кејли Спени.
Од „Variety“ оценуваат дека Шефер би била добар избор за улогата, со оглед на нејзините актерски способности.
Сепак, студиото „Amazon MGM“ сè уште официјално нема потврдено ниту една актерка за улогата на „Бонд-девојка“.
Режисер на новиот филм за Џејмс Бонд ќе биде Дени Вилнев, додека сценариото ќе го напише Стивен Најт, познат по серијата „Peaky Blinders“.
Продуценти се Ејми Паскал и Дејвид Хејман, а извршен продуцент е Тања Лапоинт.
Патинсон, откако потврди дека ќе го наследи Даниел Крег, изјави дека добивањето на улогата на еден од најпознатите филмски ликови е „чест на животот“, додека Вилнев оцени дека актерот внесува нов дух во ликот на агентот 007.
