Трајче Георгиев се пласираше во финалето на Пинкови ѕвездички

Од:

Струмичанецот Трајче Георгиев се пласираше во финалето на Пинкови ѕвездички. Тој ја испеа песната „Зошто отиде“ од Тоше Проески.

Јелена забележа дека Трајче е малку засипнат.

trajce1

„Прв пат те слушам ваков, но секоја чест што и болен пееш. Сепак би сакала да избереш песна која сите ние ја знаеме, за да можеме сите заедно да пееме со тебе во финалето“, искоментира Јелена.

„Мислам дека ова не беше добро и се плашам ако публиката гласа врз основа на вечерашниот настап“, рече Милан.

„Не беше точен, вечерва не беше најдобар, но сигурна сум дека ќе пројдеш“, додаде Гоца Тржан.

„Ти покажа толку различни страни, така што вечерашниов настап нема да ја расипе сликата за тебе“, рече Хари.

„Вие сите за мене сте најубавото позитивно изненадување од септември па досега“, дополни Леонтина.

Во првата финална емисија на Пинкови ѕвездички покрај Трајче директно отидоа и Јован Алексиќ, Ирина Арсенијевиќ, Давид Радосављевиќ, Марија Сердар, Павле Васиљевиќ, Лена Стаменковиќ, Игор Лазаревиќ, Никола Миленковиќ, Исидора Митиќ, Валентина Мец и Матеја Вукашиновиќ.

milica_dunja

Од натпреварувањето испаднаа Милица Илиќ и Дуња Јеличиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Антониа Гиговска со перфектен настап во Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Антониа Гиговска совршена во настапот на Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Опера на сцената, Елена го воодушеви жирито

Ана Ололовска

ВИДЕО: Антониа Гиговска се пласираше во 7. круг во Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мартија Станојковиќ повторно воодушеви во Пинкови ѕвездички

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преполн плоштад за пречек на Трајче Георгиев

Ана Ололовска