На познатиот холивудски актер Том Хенкс (57) неодамна му бил дијагностициран дијабетес тип 2, кој е најчест облик на метаболички болести. Актерот гостувајќи во шоуто на Дејвид Летерман по повод својот најнов филм „Капетан Филипс“, открил дека веќе извесно време се бори со висок шеќер во крвта.
– Отидов на контрола и докторот ми рече : „Знаеш за оној висок шеќер со кој се бориш од 36-та година? Е па, си добил дијабетес тип 2“ – раскажал Хенкс во емисијата.
Тој потенцирал дека болеста може да се контролира, но се пошегувал со водителот : „Нешто сите ќе нè убие Дејв“.
Дијабетесот тип2, се јавува поради недоволно лачење на инсулин, хормонот кој го претвора шеќерот во енергија, или поради отпорноста на телото на инсулин, и доколку не се лечи може да го загрози животот.